Мало разочарување во целата радост: Без Елмас и Костадинов во баражот за СП!

Низ целокупната радост за пласманот на Македонија во баражот за СП 2022, осамнува и една разочарувачка констатација.

Македонската селекција на првиот меч од баражот ќе биде без Елиф Елмас и Тихомир Костадинов кои заработија втори жолти картони на денешниот дуел со Исланд, па ќе мора да паузираа на првиот мартовски меч од баражот.

Како што е познато, Македонија во март следната година ја очекува бараж од два натпревари, по ждрепката која е закажана за 24. ноември. Ако го добиеме првиот натпревар, Македонија потоа ја очекува финалето за пат во Катар.

Се вчитува...