Малоун: Кога губиме пцујам на српски

Актуелниот шампион на НБА лигата, Денвер Нагетс е препознатлив по добрата игра, но и по одличната тимска атмосфера во соблекувалната веќе години наназад. За истата се задолжени тренерот Мајк Малоун и српскиот центар Никола Јокиќ.

Овие двајца воедно негуваат и одличен меѓусебен однос за што говори и последната пресконференција на Малоун каде откри интерсни детали. Американскиот тренер како и српскиот кошаркар беа исклучени во текот на средбата против Детроит па мораа да го проследат натпреварот преку ТВ екраните.

„Кога гледате натпревар во живо, тогаш гледате само некои работи, но кога гледате на телевизија – гледате се. Беше одлично да проследам и една наша победа на ваков начин. Кога играме добро тогаш стискаме раце, се радуваме и се гушкаме. А, кога тоа не е случајот јас пцујам на српски. Што велите за тоа? Само тоа ќе го кажам. Знам многу зборови на српски, Никола ме учи веќе девет години“, изјави Малоун.

Се вчитува...