„Мама-миа“ – На Елмас му беа потребни само пет минути да го „замрзне“ „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елјиф Елмас носи водство за својот Наполи на гостувањето кај Милан од 0-1 во дерби натпреварот на 18. коло во италијанската Серија А.

Елмас на најдобар можен начин се врати по повредата и му беа потребни само пет минути да го начне голот на „росонерите“. Зјелински на одличен начин го изведе корнерот, а Елмас ја заби топката во голот на Мањан.

 

 

Се вчитува...