„Мамба засекогаш“: Новак му ја посвети на Коби рекордната гранд-слем титула (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ и официјално е најдобриот тенисер на сите времиња откако успеа да стигне до рекордната 24. гранд-слем титула. Тој во финалето на последниот гранд-слем турнир во сезоната славеше над Русинот, Данил Медведев со максимални 3-0, по сетови 6-3, 7-6 и 6-3.

По мечот најдобриот тенисер на сите времиња рекордната 24. титула му ја посвети на својот пријател и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња кој трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа Коби Брајант кој половина од својата кариера го носеше дресот со број „24“.

 

Се вчитува...