Мамедов: Шкупи е сериозен противник, но не не плаши…

Тренерот на Нефчи, Фазули Мамедов е оптимистички расположен во пресрет на натпреварот на неговиот тим против Шкупи во првото квалификациско коло за Лигата на Европа.

„Целосно го анализиравме противникот, и мора да кажеме дека не чека сериозен противник. Подготвени сме за надигрување, победа и пласман во следната рунда од Лигата на Европа“ – вели Мамедов, притоа дополнувајќи дека од редовите на Шкупи не стравуваат од поединец, туку од колективот.

„Нема некој посебен играч од Шкупи за кого планираме посебни мерки на терен. Но, знаеме дека е добар тим. Гледавме многу натпревари на Шкупи. Знаеме дека неодамна се засилија и со поранешниот дефанзивец на Нефчи, Елвин Јунузаде. Но, не не плашат таквите работи иако Елвин добро го познава азербејџанскиот фудбал и би можел да им помогне околу некои нешта. Сепак, на денешниот натпревар се ќе зависи само од нас“.

Натпреварот меѓу Нефчи и Шкупи во Баку се игра со почеток од 18 часот.

 

Се вчитува...