Мамиќ исфрлен од Динамо Загреб

И тоа се случи, човекот што го издигна Динамо во клуб со европско реноме е исфрлен и повеќе не е ниту член на актуелниот првак на Хрватска. На долгогодишниот предводник на „модрите“, Здравко Мамиќ, му е откажано членството во најтрофејниот хрватски клуб, откако е прифатена иницијативата на здружението „Динамо, тоа сме ние“.

Покрај Здравко Мамиќ, тоа се случи и со Зоран Мамиќ и Дамир Врбановиќ, кои исто така се избришани од регистарот на членови на Динамо Загреб. Тие се осудени за извлекување на 116 милиони куни, за што се осудени со вкупно 13 години затвор. Иако се во тек судските процеси поради жалбите, триото е казнето поради очигледно прекршување на клупскиот статут, а Здравко Мамиќ во меѓувреме пребега во БиХ, со што е недостапен за хрватските власти.

Здравко Мамиќ беше осуден на шест и пол години, Зоран Мамиќ на четири години и 11 месеци, а Дамир Врбановиќ на три години затвор поради извлекување на пари од Динамо и оштетување на државниот буџет.

Се вчитува...