Мамиќ лишен од слобода во БиХ: Приведен по меѓународната потерница од Хрватска

Здравко Мамиќ е уапсен денеска во Меѓугорје од страна на припадниците на државната полициска агенција за истрага и заштита на БиХ, а по меѓународна потерница издадена од Хрватска.

Мамиќ, всушност, е приведен на информативен разговор околу тоа дали сака или не да биде испорачен на Хрватска.

„Полицијата го лиши од слобода Зоран Мамиќ. Тој во текот на денот ќе биде предаден на судот на БиХ за понатамошна обработка на неговиот случај“ – вела полициските органи на БиХ.

Според процедурата, судот треба да утврди дали Мамиќ поседува државјанство на БиХ и дали сака да биде предаден на хрватските судски органи. Адвокатот на Мамиќ истакна дека тој не е ниту приведен ниту уапсен, туку само на службен разговор согласно Законот за меѓународна и привремена заштита.

Се вчитува...