Расизмот во фудбалот продолжува и покрај сите напори на ФИФА да го елиминира овој проблем. Последен кој се соочи со него беше голаманот на Милан, Мајк Мањан кој на вчерашниот натпревар помеѓу Удинезе и Милан во Серија А доби тешки расистички навреди поради кои натпреварот беше во прекин.
По инцидентот се огласи и самиот Мањан кој порача дека се потребни сакнции да се искорни овој проблем, а на расистите не им е место на стадионите.
„Уште на почетокот кога ја изведував топката слушав како некој имитира мајмун. Не кажав ништо, но втор пат кога тргнав по топката повторно ги слушнав. Им кажав на четвртиот судија и на мојата клупа што се случи. Им кажав дека не можеме вака да играме. Ова не се случува прв пат. Мора да им се каже дека тоа што го прават е погрешно. Не станува збор за сите навивачи, дел од нив сакаат само да навиваат за својот тим што е нормално, но ова ја надминува секоја граница.
Мора да имаме строги санкции бидејќи разговор повеќе не помага. Тие „фанови“ кои што го прават тоа треба да си седат дома и да не доаѓаат повеќе на стадион. Кога го сакаш фудбалот, сакаш да дојдеш на стадион и да навиваш за својот тим, да ги учиш децата да го сакаат фудбалот. Срамно е кога децата се таму со своите семејства и пријатели и го гледаат ова“, изјави Мањан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА