Роџер Федерер се пласираше во второто коло на Вимблдон откако по големата битка со Манарино, францускиот тенисер поради повреда беше принуден да го предаде мечот при резултат 2-2 во сетови. Причина беше незгодниот пад пред крајот на четвртиот сет, по што Минамино не беше во можност да го продолжи дуелот и го предаде мечот.
Федерер почна подобро во првиот сет, добивајќи го со 6-4, но Манарино возврати со триумф во вториот во тајбрејк (7-3). Французинот полн со самодоверба го одигра третиот сет триумфирајќи со 6-3, но Федерер покажа карактер и возврати со 6-2 во четвртиот дел од мечот.
Проблемот на Манарино беше и повеќе од очигледен, па по само еден одигран поен во петтиот сет тој реши да го предаде дуелот, овозможувајќи му на Швајцарецот пласман во следната рунда. Во второто коло Федерер го очекува пресметка со подобриот од мечот меѓу Гаске и Сугита.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА