Манасков блескаше во новиот триумф на Веспрем

Веспрем денеска рутински триумфираше во унгарскиот шампионат над Егерс со 44-28, меч на кој во главна улога беше Дејан Манасков.

Избраниците на Давид Дејвис одиграа беспрекорни 60 минути, уште во првото полувреме поведоа со 14-4, а на одмор имаа двојно повеќе голови од противникот (22-11). Предноста продолжија да ја зголемуваат до самиот крај на мечот, триумфирајќи со конечни „плус шеснаесет“.

Манасков беше „прва виолина“ на Веспрем на оваа средба постигнувајќи девет погодоци, шест пати прецизен беше Јахија, а пет гола постигна Ненадиќ.

Се вчитува...