Еден од најдобрите македонски ракометари, Дејан Манасков, нема да може да настапи на последниот меч од квалификациите за ЕП 2022, в недела против Швајцарија. Причина е повредата што Манасков ја заработи уште во првото полувреме од претходниот меч со Финска, поради која Манасков не беше во можност да го доигра дуелот со аутсајдерот во групата.
Прегледите извршени во Скопје покажаа дека не станува збор за премногу сериозен проблем, но во ситуација кога пласманот на ЕП е веќе обезбеден селекторот Лазаров и членовите на стручниот штаб решија да не ризикуваат со настап на крилниот ракометар.
„Можам да кажам дека Манасков отпадна од комбинација за настап, се надевам дека повредата нема да биде сериозна. Знаеме дека Манасков е квалитетен играч, ќе ни фали, но од друга страна мораме да создаваме играчи. Во составот имаме и други резерви, кои сега ќе имаат шанса да покажат што знаат, да знаеме што ќе не чека во иднина на таа крилна позиција“, изјави Лазаров пред денешниот тренинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА