Манасков е апсолутен рекордер во историјата на Веспрем

Дејан Манасков е апсолутен рекордер во клупската историја на Веспрем по бројот на постигнати погодоци на еден натпревар, објави денеска унгарскиот првак.

Македонскиот репрезентативец одигра фантастичен натпревар против Ференцварош, постигнувајќи 16 гола од вкупно 19 обиди. Тој беше најзаслужен за триумфот на тимот на Давид Дејвис, а Веспрем денеска објави дека остварувањето на Манасков е и рекорд по бројот на голови на еден играч на Веспрем во истооријата на унгарскиот гигант.

Се вчитува...