Манасков го воскресна Веспрем за реми во Кил

Кил и Веспрем во фантастичен натпревар ремизираа 31-31, во рамките од шестото коло во Лигата на Шампионите. Дејан Манасков беше еден од најзаслужните за ваквиот исход, помагајќи му на својот тим да се врати од негативата од четири гола и да остане непоразен на вечерашниот дерби-дуел.

Имено, по израмнетиот дуел во речиси цел натпревар Кил успеа да се одлепи на 31-27. Токму Манасков со два брзи гола ја врати самодовербата во нападот на Веспрем, по што унгарскиот првак успеа да се врати и да стигне до израмнување. Сагосен имаше можност да го врати Кил во водство, но биеше над гредата, потоа напад за победа имаше и Веспрем, но и Јахија беше непрецизен.

Манасков го заврши натпреварот со три гола од исто толку обиди, најефикасен кај Веспрем беше Ненадиќ со пет погодоци, додека прв стрелец на Кил беше Сандер Сагосен со девет постигнати гола.

Се вчитува...