Манасков и Дејвис едногласни: Не очекувавме дека вака лесно ќе поминеме во Скопје

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков со четири погодоци во дресот на Веспрем го заврши натпреварот против Вардар, кој унгарскиот тим го доби со убедливи 27-41.

Манасков признава дека никој во неговиот тим не очекувал така лесно гостување во Скопје.

„Да бидеме искрени никој од нас не очекуваше на ваков начин да го добиеме натпреварот. Но, одигравме одлично од самиот почеток не дозволувајќи му на Вардар воопшто да се врати во игра по почетната негатива“ – истакна Манасков.

Сосема еднакво е размислувањето и на стратегот на Веспрем, Давид Дејвис.

„Го започнавме мечот многу добро и продолживме понатаму во тој посакуван ритам. Моите играчи завршија добра работа. Ова е Лигата на шампионите, ние сакаме да играме во четвртфинале а целиме и кон Ф4-турнирот па затоа и вака сериозно пристапивме на натпреварот против Вардар“ – изјави Дејвис на прес-конференцијата по мечот.

Се вчитува...