Манасков и Веспрем издржаа само едно полувреме против Барселона

Барселона ја забележа и десеттата победа во рамките од групата Б од Лигата на Шампионите откако каталонскиот гигант вечерва славеше на домашен терен над Веспрем со убедливи 37-30. Унгарскиот првак допатува ослабен без Ненадиќ, Борозан и Нилсон, но немаше сили да парира повеќе од едно полувреме.

Барселона за првпат се одлепи пред крајот на првиот дел поведувајќи со 13-9, но Веспрем возврати со четири гола во низа, па на одмор се замина со израмнети 15-15. Тоа беше се што Дејан Манасков и соиграчите успеаја да сторат во овој мега-дуел Барса благодарение на подобрата одбрана и беспрекорниот напад преку крилните ракометари ја „билдаше“ предноста се до конечните плус седум.

Алеиш Гомез со девет погодоци беше најзаслужен за победата на Барселона, шест постигна Палмарсон, а четири Арињо. Дејан Манасков го заврши мечот со еден гол за Веспрем, а најефикасен кај унгарскиот првак беше Маркусен со осум погодоци.

Се вчитува...