Манасков и Веспрем убедливи пред стартот на ЛШ

Дејан Манасков и Веспрем славеа над Чургои со убедливи 34-21, на дуелот што беше увертира за унгарскиот гигант пред почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите.

Избраниците на тренерот Илиќ уште во првото полувреме сериозно се одлепија поведувајќи со 17-11, за потоа во вторите 30 минути Манасков и соиграчите да стигнат до нова двоцифрена победа во домашното првенство. Македонскиот репрезентативец постигна два погодоци, а најефикасни во таборот на Веспрем беа Маргуч и Лагитвари со по пет погодоци.

Веспрем веќе во првото коло од Лигата на Шампионите го очекува исклучително тежок дуел, наредниот четврток во Унгарија гостува францускиот првак ПСЖ.

Се вчитува...