Манасков: Кај нас нема ништо лесно, секогаш последниот меч решава

mec baner

Македонските ракометари се подготвени за предизвикот што го носи денешниот натпревар, решавачки за освојување на третото место во групата Б и избегнување на Франција како ривал во осминафиналето. Одличната игра против Шпанија експресно го избриша разочарувачкиот настап со Словенија, па „црвено-жолтите“ полни со самодоверба влегуваат во пресметката со ривалот кој до пред десетина години има беше стар познаник, а со кого сега се немаат сретнато уште од 2014 година и ЕП во Данска, каде Исланд во рамките од втората групна фаза триумфираше со 29-27.

Подготвени сме за Исланд, против Шпанија сакавме да покажеме дека дуелот со Словенија беше само лошо ден и успеавме во тоа. Имаме самодоверба и доволно сила за овој натпревар, знаете дека кај нас нема ништо лесно, секогаш се доведуваме во ситуација во последното коло да бркаме резултат. Сега во рацете имаме осминафинален билет, но влогот е голем – тоа трето место кое значи избегнување на Франција за ривал во осминафиналето. Ќе дадеме 200% за да останеме непоразени, мислам дека мечот ќе го решат мали нијанси, еден промашен зицер, една голманска интервенција, но верувам дека ние ќе бидеме тие што ќе се радуваат на крајот“ – истакнува Дејан Манасков.

Се вчитува...