Манасков на седум гола од „Клубот 100“

ЕКИПА во Виена,

Стеван Цаневски

Кире Лазаров е убедливо најдобар македонски стрелец со 179 гола на европските шампионати, а на второто место на оваа листа се наоѓа Дејан Манасков.

Левото крило досега има постигнато 93 погодоци на континенталните собири, па со седум гола на вечерашниот дуел ќе стане вториот член на „Клубот 100“ кога станува збор за македонската репрезентација. Манасков досега постигна десет погодоци на овој европски шампионат, по пет на дуелите со Украина и со Чешка.

Зад крилниот ракометар на листата најдобри стрелци на Македонија на европските првенства се наоѓаат Стојанче Стоилов со 76, Филип Миркуловски со 60, Гоце Георгиевски со 45 погодоци…

Се вчитува...