Манасков: Нека биде финале Веспрем – Вардар, повредата ми е санирана

ЕКИПА во Келн,

Катерина Павлова Николовска

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков со Веспрем ќе се бори за трофејот во ракометната Лига на шампионите. По полуфиналниот триумф над Киелце, унгарскиот состав го очекува противникот за финалето, победникот од мечот меѓу Вардар и Веспрем. Тој денеска не играше, но повредата му е санирана и се надева на шанса во финалето.

„Во петокот првпат тренирав, но подготвен сум, се надевам утре ќе помогнам колку што е потебно. Не е важно колку време ќе добијам, подготвен сум да дадам колку што ќе биде потребно. Половина желба ми се оствари, Вардар да си ја заврши работата, нам секако со никого нема да ни биде лесно. Добро отворивме, потоа имавме избрзани грешки, имавме кризни моменти, технички грешки, не раздрма повредата на Штербик. Во второто полувреме нема што да се каже освен Петар Ненадиќ“ – вели Манасков.

За Манасков ова ќе биде прво финале во Лигата на шампионите, за Веспрем е четврто.

Се вчитува...