Манасков: Некој мора да победи и во Украина, тој некој сме ние!

Македонија во четврток во Суми ја очекува квалификацискиот дуел со Украина, кој во многу нешта може да ни го насочи патот кон Европското првенство 2018. Секако со победа.

Дејан Манасков е оптимистички расположен пред заминувањето за Украина, потенцирајќи ја вербата дека може да стигнеме до триумфот. Се разбира, без ниту најмало потценување на противникот, како што тоа го направија Чесите и Исланѓаните, па беа поразени.

„Мислам дека пред се Чешка и Исланд ја потценија Украина, влегоа опуштено против нив и затоа загубија. А, Украинците не се воопшто за потценување. Иако е млада селекција, се работи за високи индивидуалци кои се добро технички потковани. Но, ние добро ги анализиравме, знаеме кои се нивните добри и лоши страни, и одиме максимално подготвени на пресметка со нив. Сигурен сум дека некој мора да победи во Украина во овие квалификации, и тоа ќе бидеме ние“ – ни изјави Манасков пред денешниот тренинг на националниот тим.

Се вчитува...