ЕКИПА во Виена,
Стеван Цаневски
Репрезентативното крило, Дејан Манасков е разочаран по дебаклот кој што го доживеа македонската репрезентација на Европското првенство во Австрија, кое по поразот од домаќинот го заврши уште во групната фаза.
„Оф, навистина не знам што да кажам. Едноставно мислам дека немавме решение не бевме подготвени за нивната одбрана. Многу топки им дадовме во раце, они лесно погодуваа, ние промашувавме. Тоа е клучот на мечот“, изјави Манасков.
Нашата репрезентација со поразот од Австрија од 32-28 го заврши настапот на Еврошампионатот 2020.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА