Манасков повторно одличен, Веспрем лесно со Егер

Репрезентативното крило Дејан Манасков по рекордните 16 гола во претходниот меч, денеска учествуваше со девет гола во победата на Веспрем во домашниот шампионат против Егер со 40-21.

Ова беше десетта победа во низа сезонава за Веспрем во унгарското првенство, а репрезентативното крило повторно беше најдобар поединец во таборот. По двојната победа во домашното првенство сега ракометарите на Веспрем ги очекуваат двомеч против данскиот Алборг.

На 18. ноември Манасков и соиграчите гостуваат во Данска, а седум дена подоцна ќе го пречекаат Алборг на домашен терен.

Се вчитува...