Манасков: Првиот впечаток е дека групата е лесна, но …

Македонската репрезентација утре ги стартува подготовките за ЕП 2020, а на првиот собир на „црвено-жолтите“ нема да се појават клучните ракометари, кои ќе му бидат на располагање на селекторот Брестовац од 2 јануари. Меѓу нив е и Дејан Манасков, крилото ќе добие заслужен одмор по напорната полусезона во Веспрем, но Манасков е свесен дека нашиот национален тим нема да има нималку лесна задача во групата во Виена.

Украина, Чешка и ко-домаќинот Австрија се ривали на Македонија, пласман во следната фаза ќе обезбедат најдобрите две селекции, а задачата нема да биде нималку лесна.

„Влегуваме во натпреварувањето со подмладен состав, на дел од новите ракометари ќе им биде неопходно време да се адаптираат во екипата. Сепак, оптимисти сме. Знаеме дека првиот впечаток е дека групата е лесна, но мораме да одиме чекор по чекор, да не ги потцениме противниците.  Се наедевам дека со помошта на нашите верни навивачи ќе стигнеме до едно од првите две места во групата“ – изјави Манасков за официјалната веб-страница на европскиот шампионат.

Се вчитува...