Манасков се врати, Веспрем е првиот учесник на Ф4

Веспрем е првиот учесник на фајналфор турнирот од СЕХА-лигата откако унгарскиот гигант славеше и на вториот меч против хрватскиот вицепрвак Нексе, овојпат на домашен терен со 30-25.

За разлика од првиот меч, во тимот на Веспрем овојпат се појави и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, кој и сезонава ќе биде значајно оружје на унгарскиот ракометен гигант од крилните позиции. Веспрем рутински го контролираше резултатот, во раната фаза поведе со 6-3, на одмор замина со водство од 14-10, по што лесно ја задржа предноста до самиот крај и конечните „плус пет“.

Манасков го заврши мечот со три гола од пет обиди, а најефикасни кај Веспрем беа Маргуч со шест и Ненадиќ со пет погодоци. Во редовите на Нексе најдобри стрелци беа Томиќ и Северец со по пет погодоци.

Се вчитува...

buy windows 11 pro test ediyorum