Манасков: Штета…, им подаривме бод на Исланѓаните во последните секунди

Крилото на македонската репрезентација Дејан Манасков вели дека постои разочарување во селекцијата поради пропуштениот триумф против Исланд на домашен терен, но не може да се сокрие и задоволството што од двомечот со еден повеќе од квалитетен противник се дојде до три бода.

„Може да кажам штета што победа ни избега во последните секунди. Ќе беше убаво да ги израдуваме нашите навививачи со триумф, но секако мора да бидеме задоволни. Некој да ни кажеше пред овие два натпревари дека ќе имаме три бода со Исланд со задоволство ќе ги прифатевме“ – вели Манасков и дополнува:

„Жал ми е што на една минута пред крајот имавме предност и напад и бевме малку деконцентрирани. Па, некако како да им подаривме бод. Но, во секој случај одигравме два коректни натпревари. Знаевме дека ќе биде потежок дуел во Скопје и тоа се оствари. Сега ни преостануваат уште два натпревари, со две победи ќе бидеме први во групата и тоа е нашата цел“.

Се вчитува...