Манасков со три гола во поразот на Веспрем од Кјелце

Кјелце го совлада Веспрем со 32-29 во подготвителен натпревар кој го одиграа двата тима пред стартот на новата ракометна сезона.

Македонскиот репрезентативец Дејан Мансков го заврши натпреварот со три гола, додека енигма за одбраната на унгарците беа поранешните „вардарци“ Алекс Дујшебаев и Игор Карачиќ. Дујшебаев натпреварот го заврши со седум гола, додека Карачиќ заврши со еден помалку.

Кјелце со победа ја заврши турнејата во подготовките за новата сезона.

Се вчитува...