Експедицијата на Веспрем пристигнува во Скопје за утрешниот дуел со Вардар предводена од македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, кој е свесен колку е тешко да се стигне до бодови на жешкиот терен во СЦ „Јане Сандански“.
Според левото крило на нашиот национален тим, Вардар никако не смее да се потцени по последните убедливи порази во Лигата на шампионите.
„Натпреварот во Скопје е многу важен за нас. Тие загубија некои средби на домашен терен, но токму поради тоа Вардар ќе биде дополнително мотивиран. Салата ќе биде преполна, така што ќе биде убава атмосфера за игра. Мораме да се сконцентрираме на нашето издание, да не размислуваме многу за противникот бидејќи ако играме како што знаеме, верувам дека ќе победиме“, изјави Манасков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА