Манасков: Да играме финале против Вардар, така секако ќе имаме Македонец со титулата

ЕКИПА во Келн,

Катерина Павлова Николовска

Македонскиот репрезентативец Дејан Мансков со Веспрем дебитира на завршиот турнир на четирите најдобри екипи во ракометната Лига на шампионите. Тој има полуфинална пресметка со Киелце и се надева дека би можело да се случи да се сочи со Вардар во финалето.

„Мене конечно ми се ствари сонот да бидам на Ф4 турнирот. Секако дека сакам да направам чекор повеќе од полуфиналето. Не чека тежок дуел со Киелце. Двапати игравме сеознава. Ги победивме, но тоа беа тесни и тешки натпревари.  И во полуфналето ќе биде така. Тактички нема што да се скрие. Тука се најдобрите четири екипи. Се е можно, еден ден е, еден натпревар, кој ќе има повеќе желба, среќа и мотив ќе се радува“ – вели Манасков.

Поранешниот вардарец посакува финална пресметка со скоскиот тим.

„Ако може да играме финале со Вардар би било најдобра комбинација. Па нека победи подобриот, но секако ќе имаме Македонец што ќе ја освои лигата на шампионите“ – порачува македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...