Манчестер Јунајтед договори две засилувања од Мадрид

Aнглискиот великан, Манчестер Јунајтед во наредниот период ќе се засили со звучни имиња од Мадрид, Шпанија. Англискиот клуб веќе се согласи за трансфер на Џејдон Санчо од Дортмунд, а се очекува и официјализација на две нови дефанзивни засилувања.

Стоперот на Реал Мадрид, Рафаел Варан е на прагот на трансфер на „Олд Трафорд“, како и десниот бек Киран Трипие од Атлетико.

„Сан“ пишува дека условите се договорени и ќе бидат објавени до крајот на овој месец. Манчестер Јунајтед ќе плати вкупно 80 милиони евра за споменатите играчи.

Варан има договор со Реал до летото 2023 година, но исто како што замина Серхио Рамос, така започна да се пишува и за можно заминување на Варан. Французинот во неколку наврати најави дека сака нов предизвик, па Манчестер Јунајтед е идеална прилика за следна дестинација на Рафаел.

Во Мадрид, во изминатата деценија, Варан освои се што можеше. Тој играше вкупно 360 пати за клубот и постигна 17 голови.

Се вчитува...