„Манчестер Јунајтед е чиста комедија, како да гледам пионери на терен“

Манчестер Јунајтед забележа нов пораз синоќа на гостувањето кај Башакшехир во 3. коло од Лигата на шампионите. Посебно интересен беше првиот гол кој го примија „црвените-ѓаволи“ бидејќи ниту еден од одбранбените фудбалери не внимаваше на Демба Ба. По натпреварот голот го прокоментира и легендата на клубот Пол Сколс кој вели дека фудбалерите на Јунајтед изгледаат како пионери на теренот.

„Како да гледам пионери. Што правеше одбраната? Па тоа е комично“, накратко изјави Пол Сколс. 

Оле Гунар Солскјер го очекува нов тежок натпревар викендов во Премиер-лигата каде ќе се сретне со Евертон.

Се вчитува...