Манчестер Јунајтед го претстави Санчо (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед денеска и официјано го претстави долго очекуваното засилување – Џејдон Санчо. Англискиот репрезентативец на „Олд Трафорд“ од Борусија Дортмунд за сума од 85 милиони евра по долгата трансфер сага која траеше повеќе од една година.

„Секогаш ќе му бидам благодарен на Дортмунд за можнота која ми ја даде да играм првотимски фудбал. Знаев дека еден ден ќе се вратам во Англија, а преминот во Манчестер Јунајтед е остварување на мојот сон. Едвај чекам да настапам во Премиерлигата. Ова е млад и талентиран тим и сигурен сум дека заедно ќе оствариме нешто специјално и ќе ги израдуваме фановите“, изјави новиот играч на „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...