Манчестер Јунајтед го пропушти крајниот рок, Санчо отпатува на тренинг кампот на Борусија Дортмунд

Манчестер Јунајтед го пропушти крајниот термин за реализација на транасферот на Џејдон Санчо кој го одреди Борусија Дортмунд и англискиот репрезентативец се качи во авионот и отпатува за Швајцарија каде гемрнаскиот вицепрвак ќе ги има предсезонскиоте подготвки.

До денеска беше рокот во кој Јунајтед требаше да потврди дека се согласува со условите на Борусија Дортмунд која отоврено потврди дека е заинтересирана да го продаде Санчо на „Олд Трафорд“. Младата ѕвезда е главна цел за Јунајтед во ова трансфер прозорец, но англискиот клуб не ја прифаќа цената од 120 милиони евра која Дортмунд ја одреди за него.

 

 

Се вчитува...