Манчестер Јунајтед го пропушти – Ливерпул го бара: Шкот пред трансфер од соништата

Лошата сезона во која Ливерпул мака мачеше со повреди, а на крајот успеа да се избори за третото место во Премиерлигата и пласман во Лигата на Шампионите во онаа што следи е веќе зад тимот на Јигрен Клоп, кој пак ќе се обиде да го искористи трансфер периодот за враќање на тимот на врвот.

Германецот прво ќе мора да ја пополни дупката која се создаде со заминувањето на Џини Вајналдум, а погледите на искусниот стратег се насочени кон Џон Мекгин. 26-годишникот Шкот кој игра за Астон Вила беше еден од клучните играчи на тимот од Бирмингем, одигра одлично и за репрезентацијата на Шкотска на ЕП па сега се подготвува за трансфер од сништата кој би го чинел Ливерпул околку 60 милиони евра.

Интересно е тоа што легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон го препозна потенцијалот и ги советуваше „црвените ѓаволи“ да го доведат Мекгин во своите редови во 2019 година, а сега играчот од средниот ред може да заврши во лутиот ривал.

Се вчитува...