Манчестер Јунајтед ја доби понудата на Милан за трансфер на поранешниот капитен Хари Мегваер.
Стоперот кој го засили славниот англиски клуб во 2019 година во трансфер вреден неверојатни 87 милиони евра беше пред заминување од „Олд Трафрод“ минатото лето, но сега работите се променети.
Керик на него гледа како еден од клучните фудбалери во составот, некој кој носи стабилност на теренот па негово заминување оваа зима нема да биде опција и покрај тоа што договорот му истекува на крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

