Манчестер јунајтед и Евертон заинтересирани за Елиф Елмас

Манчестер јунајтед и Евертон се сериозно заинтересирани за ангажман на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, тврди еден од најдобрите италијански новинари Џанлука Ди Марцио.

Според информациите од Островот, Манчестер јунајтед и Евертон посакуваат трансфер на Елмас пред крајот на летниот преоден рок. Сепак, продажбата на еден од најдобрите македонски фудбалер е можна само доколку стигне примамлива понуда за Наполи.

По серијата засилувања во редовите на „наполитанците“, од клубот немаат ништо против и за продажба на дел од своите фудбалери, но само под сериозни услови.

За Елмас претходно отворено интерес искажуваше и Милан.

Се вчитува...