Манчестер Јунајтед и Рома преговарале за позајмица на Санчез

Манчестер Јунајтед и Рома преговарале околу можна позајмица на Алексис Санчез во италијанскиот клуб. Престојот на Чилеанецот во Рома би бил една сезона.

Иако менаџерот Оле Гунар Солскјер изјави дека очекува Санчез да остане, сепак Јунајтед го понудил во Рома во обид да намали дел од трошоците за неговата плата. И да оди во Рома, сепак Јунајтед ќе треба да покрива дел од примањата на Санчез. Многу спорно е и прашањето дали тој воопшто сака да оди во Италија.

Неизвесно е дали Санчез ќе биде во составот на Солскјер за дербито од стартната рунда против Челси со оглед дека тој многу подоцна ги почна подоготвките. Добие екстра време поради учеството на неговата репрезентација на Копа Америка. На претсезонските натпревари Санчез одигра само 65 минути.

Се вчитува...