Манчестер Јунајтед ќе ги купи Санчо и Грилиш само ако си оди Погба

Трансфер плановите на Манчестер Јунајтед се компликувани и во неизвесна фаза поради нејснотијата околу иднината на Пол Погба. Французинот е рехабилитиран во првиот тим на Јунајтед по повредата, но и натаму е нејасно дали тој ќе биде на „Олд Трафорд“ и следната сезона или ќе оди во Реал Мадрид или Јувентус.

Иако Погба имаше и поволни критики за изданијата во перидов на рестартот на сезоната сепак неговите грешки го чинеа Јунајтед голови од Саутемптон и од Вест Хем што го доведе клубот во ситуација за пласман во Лигата на шампионите следната сезона да стравува до последниот натпревар против директниот конкурент Лестер.

Официјалниот став на Манчестер Јунајтед е дека клубот го смета Погба за играч од светска класа и дека тој ќе остане  и во преостанатите две години од актуелниот договор. Но, сепак неговото останување силно е врзано со плановите за трансфери летово.

Ако Погба си замине, Јунајтед ќе тргне од Џек Грилиш од Астон Вила и дефинитивно по Џејдон Санчо од Брусија Дортмунд. Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е голем фан на Погба, но пандемијата на коронавирусот и прекинот во сезоната оставија финасиски последици кај сите клубови па неизвесно е трошењето за трансфери дури и на најголелите тимови.

 

a

Се вчитува...