Манчестер јунајтед ќе го менува Де Хеа за Роналдо?

Манчестер јунајтед е подготвен да го врати Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“. За услугите на Португалецот, „црвените ѓаволи“ наводно имаат намера на Реал Мадрид да му го понудат голманот Давид де Хеа, откриваат шпанските медиуми.

Роналдо во 2009 година го напупти Манчестер јунајтед во трансферот вреден 80 милиони фунти и се пресели во Реал Мадрид. Сепак, во Манчестер јунајтед сега сакаат повторно да го видат во своите и раководството за таа цел подготвува интересна понуда.

Де Хеа веќе подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид. Покрај извонредниот голман, „црвените ѓаволи“ во замена за Роналдо би понудиле и дополнителни 35 милиони фунти.

Ваквата замена засега делува помалку нереално, но во секој случај, не е исклучена можноста Роналдо по втор пат во кариерата да го облече црвениот дрес на Манчестер јунајтед за кој претходно настапуваше шест години во кои одигра 292 натпревари и постигна 118 гола.

Се вчитува...