Манчестер јунајтед ќе урива рекорди за да го купи Хари Мегваер

Манчестер јунајтед ќе тргне со сите сили по Хари Мегваер. Англискиот репрезентативец се чини најдобрата опција за тимот на Жозе Мурињо кога веќе Џером Боатенг одби трансфер на „Олд Трафорд“.

Според британските медиуми, Јунајтед кој влегува во временски теснец, бидејки трансфер рокот во Англија истекува утре попладне, бил подготвен да плати се што бара Лестер. А, тоа се рекордни 73 милиони евра што би го направило Мегваер најскапиот англиски стопер во Премиер-лигата на сите времиња, а и вториот најскап во историјата на светскиот фудбал, зад Вирџил ван Дајк кој е платен околу 80 милиони евра.

Сепак, во меѓувреме, информациите фвелат дека Лестер веќе одбил две понуди од Јунајтед. Мегваер пак е во надеж дека трансферот ќе се реализира.

Дополнителен аргумент за трансферот на Мегваер е тоа што Лестер веќе нашол двајца дефанзивци кои заедно би вределе 37,5 милиони евра, Турчинот Чаглар Сојунчу од Фрајбург и Хрватот Филип Бенковиќ од Динамо.

Се вчитува...