Голема е веројатноста дека 2026 година ќе донесе нова промена во кариерата на Кристијано Роналдо кој поради незадоволство ќе замине од Саудиска Арабија.
За неговите услуги се заинтересирани повеќе клубови од Европа и САД, но еден од нив не е Манчестер Јунајтед.
Легендата на „црвените ѓаволи“ во два наврати настапуваше како домашен фудбалер на „Олд Трафорд“, но нема тоа да го направи и трет пат поради амбициите на англискиот гигант.
Манчестер Јунајтед сака да создава иднина и раководството на клубот верува дека ангажман на 41-годишникот ќе биде чекор наназад во процесот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

