Манчестер Јунајтед не е на продажба, дури ни за принцот на Саудиска Арабија

Семејството Глејзер нема намера да го продава Манчестер Јунајтед ниту пак да дозволи некаков удел во клубот на саудискиот принц Мохамад бин Салман. Владетелот на Саудиска Арабија е еден од највлијателните и најбогатите луѓе во светот и сака да купи голем европски клуб, шпекулациите велат дека го избрал тимот од „Олд Трафорд“.

Сепак актулените сопственици заработуваат одлично од Јунајтед, пред извесно време беше објавена рекордна добивка, па извесно е дека нема да се откажат од клубот.

Саудискиот принц сака да фати чекор со соседите кои се влијателни во светот на фудбалот, шеикот Менсур од Абу Даби го поддржува Манчестер Сити, додека францускиот првак Пари Сен Жермен е во сопственот на катарски инвестициски фонд.

 

 

Се вчитува...