Манчестер jунајтед – не игра убав фудбал, ама заработува рекордно

Манчестер jунајтед објави рекордна заработувачка за 2018 година. „Црвените ѓаволи“ генерирале 590 милиони фунти во минатата фискалана година, со оперативен профит од 44 милиони фунти.

Извршниот потпретседател на Јунајтед, Ед Вудворд, порача дека во клубот се е во насока на подобрување на резултатите на првиот тим и атак на титулата.

„Сите во клубот неуморно работат да дојдеме до 66. трофеј на Манчестер јунајтед и до 25. на Жозе. Тоа е она што го очекуваат нашите верни навивачи и она што го бара нашата историја“ – изјави Вудворд, при презентацијата на финансиските резултати.

Манчестер jунајтед има скромен почеток на премиерлигашката сезона. По шест одиграни кола има само 10 бода и е на седмата позиција на табелата.

 

Се вчитува...