Иднината на Маркус Рашфорд станува сè понеизвесна. Се очекуваше играчот, кој е на позајмица во Барселона, да остане таму и да биде откупен трајно од Каталонците. Барселона сакаат да ја намалат цената утврдена во договорот меѓу двата клуба, додека од „Олд Трафорд“ не сакаат да го сторат тоа.
Јунајтед јасно ѝ го кажа својот став на Барселона во врска со Рашфорд, при што англиските гиганти инсистираат дека „не се подготвени да преговараат“ за перманентен трансфер за помалку од 30 милиони евра за напаѓачот. Ставот на Јунајтед е непроменлив, и најверојатно Англичанецот ќе се врати на „Олд Трафорд“, па потоа ќе се решава неговата судбина.
Дури и ако Јунајтед беше спремен да седне на преговарачка маса, тековните финансиски тешкотии на Барселона би го направиле договорот за Рашфорд исклучително тежок. Каталонскиот клуб продолжува да работи под строги ограничувања на платите во Ла Лига и ќе треба да направи значителна продажба на свои играчи.
Неизвесноста околу ситуацијата на Рашфорд го привлече вниманието на неколку европски гиганти, а Јувентус веќе се појавува како сериозен кандидат за неговиот потпис. Италијанскиот гигант се обидува да ги обнови своите напаѓачки опции по разочарувачката сезона во домашното првенство и во Европа. „Бјанконерите“ наводно бараат врвни играчи со искуство кои ќе им помогнат да се вратат на врвот на Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

