Манчестер јунајтед платил за Солскјер два милиони евра

Манчестер јунајтед му платил на Молде два милиони евра за да го позајми Оле Гунар Солскјер, а ако сака трајно да го задржи на менеџерската позиција и по мај следната година ќе треба да плати дополнителни осум милиони евра.

45-годишната легенда на Манчестер јунајтед дојде како замена за Жозе Мурињо и според првичниот договор е привремено решение, односто ќе го води клубот до крајот од оваа сезона додека не биде најдено конечно решение за менаџерската позиција. Британските медиуми тврдат дека ако Солскјер има добри резултати ќе добие долгорочна можност.

Солскјер пред извесно време потпиша нов договор со Молде и е врзан со норвешкиот клуб до 2021 година.

Се вчитува...