Манчестер јунајтед подготвува 70 милиони евра за Полјакот Милик

Манчестер јунајтед е во очајна ситуација кога се во прашање напаѓачките редови, поради што сосема е јасно дека низ зимскиот преоден рок ќе биде во потрага по офанзивец кој ќе ги задоволи апетитите на Оле Гунар Солскјер.

Најново име кое се поврзува со трансфер во Јунајтед е напаѓачот на Наполи, полскиот репрезентативец Аркадиуш Милик. Одличниот 25-годишен офанзивец постигна сезонава 10 гола во 12 настапи, а вкупно за Наполи бил стрелец на 44 погодоци во 95 натпревари.

Милик во моментов е во преговори со Наполи за нов договор, затоа што актуелниот му истекува во јуни 2021 година. Но, преговорите не течат баш најдобро, поради што Манчестер јунајтед подготвува понуда од околу 70 милиони евра колку што бара Наполи за неговите услуги.

 

Се вчитува...