Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Барселона единствени европски клубови на листата на Форбс

Трета година по ред НФЛ тимот Далас Каубојс е највредниот спортски колектив во светот на листата што ја објавува престижниот магазин Форбс. Вредноста на Далас изнесува 4,8 милијарди долари што е за 14 % повеќе од минатата година.

Зад Далас се европските фудбалски гиганти, Манчестер Јунајтед кој вреди 4,1 милјарди долари, Реал Мадрид со вредност од 4,08 и Барселона која е проценета на 4.04 милијарди долари. Овие три клуба се и едниствените на списокот 50 најбогати кои потекнуваат од европско тло. Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Барселона имаат помесутвање од една позиција нагоре во однос на предходната листа на сметка на Њујорк Јенкис кој годинава падна на петтата позиција.

На листата на Форбс на која се наоѓаат 50 најголеми спортски фрашизи доминираат НФЛ клубовите. Дури 29 екипи од оваа лига се меѓу педесетте највредни.

НБА лигата е застапена со осум екипи, а највисокот котира Лос Анџелес Лејкерс, на осмата позиција,  со вредност од 3,3 милијарди долари.

 

 

Се вчитува...