Манчестер Јунајтед сака да се ослободи од Де Хеа и да го даде на позајмица во друг клуб

Манчестер Јунајтед сериозно размислува да го испрати голманот Давид Де Хеа на позајмица во новата сезона. Се чини дека клубот има намера да смета на Дин Хендерсон како прв голман во новата сезона, па Шпанецот ќе стане непотребен на „Олд Трафорд“.

Според медиумите во Манчестер, „црвените ѓаволи“ ги обезбедија и услугите на Том Хитон, кој треба да биде резерва на Хендерсон. Де Хеа има договор со Манчестер Јунајтед на уште две години. Ова значи дека клубот не е должен да брза да го продаде ова лето. Затоа, опцијата за позајмица е реална и ќе биде разгледана од сопствениците на клубот.

Ова секако ќе го олесни можниот трансфер на Шпанецот следното лето. Многу клубови внимателно ја следат ситуацијата околу голманот на Јунајтед, но сигурно повеќе би сакале да го земат за скромна сума отколку да ја платат неговата целосна цена, која во моментов е во висина од 20 милиони евра.

Се вчитува...