Манчстер Јунајтед може да ги намали сумата на исплата на Рубен Аморим и неговиот стручен штаб по заминувањето од клубот од „Олд Трафорд“.
Португалецот е блиску до назначување за прв тренер на Милан, и ако тоа се случи би требало значително да ја намали сумата на отштета, која Манчестер Јунајтед треба да ја плати.
Во февруари, финансиски извештај на Јунајтед откри дека клубот треба да му исплати на Аморим и на неговиот персонал 15,9 милиони фунти како отштета. Сега се очекува таа сума да се намали ако потпише за Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
