Манчестер јунајтед се вклучи во трката за Џером Боатенг

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед ќе се обиде да го ангажира дефанзивецот на Баерн Минхен, Џером Боатенг, пред самиот старт на новата сезона во Премиер – лигата. Менаџерот Жозе Мурињо го притиска раководството на клубот за нови засилувања, а како приоритет посакува токму елитен одбранбен фудбалер.

„Црвените ѓаволи“ се подготвени за Боатенг да платат 50 милиони фунти, а за него заинтересиран од поодамна е и францускиот првак Пари Сен Жермен. Манчестер јунајтед беше во преговори и со Лестер за ангажман на Хари Мегвајер, англискиот репрезентативец за кого „лисиците“ бараат 65 милиони фунти отштета.

Уште еден дефанзивец се поврзува со заминување од Манчестер јунајтед, откако Фулам испрати понуда за да го доведе во своите редови Крис Смолинг.

Се вчитува...