Манчестер Јунајтед со последна понуда за Џејдон Санчо

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за услугите на крилниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, но последната понуда на клубот од „Олд Трафорд“ до Борусија Дортмунд ќе изнесува 80 милиони фунти, пренесуваат англиските медиуми. Од клубот повеќе не сакаат да се „ценкаат“ со Бундеслигашот, велејќи дека секоја сума поголема од овие 80 милиони е нереална поради целата криза во светот предизвикана од пандемијата од коронавирусот.

Џејдон Санчо сезонава беше еден од најдобрите фудбалери во Борусија Дортмунд. Тој за „милионерите“ во Бундеслигата запиша 32 настапи на кои постигна 17 гола и забележа 16 асистенции.

Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната имаат задача да обезбедат пласман меѓу четирите најдобри во Премиер-лигата како би можеле да бидат дел од Лигата на шампионите следната сезона.

Се вчитува...